April 2, 2020 11:20
Скопје

Едно лице повредено во невремето кое го зафати Скопје

Едно лице е повредено во синоќешното невреме кое го зафати Скопје. Ова денеска на прес конференција го изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Најголемата материјална  штета е направена на покривот од средното училиште „Марија Кири Склодовска“ како и во општината Карпош.

– Најмногу настрадани покриви имаше во Карпош, и тоа на потегот од мостот Обединети Нации до Скопје Сити Мол. Овој метеж беше расчистен до 3.00 часот изутринава. Колку што знам до сега е евидентирано само едно повредено лице во ова невреме кое го зафати градот со силниот ветер, рече Шилегов.

Поради оштетениот покрив кој бил реконструиран во 2009 година на средното хемиско училиште, денеска учениците се ослободени од настава.

– Во училиштето денеска нема да се одржува настава. Во моментов службите работат на санација и расчистување на теренот, вклучувајќи го тука и јавното претпријатие Улици и патишта, рече Шилегов.