January 25, 2020 21:15
Хроника

Едно лице обвинето за четири тешки кражби на дрзок начин во Скопје

Обвинетиот на 18 ноември на автобуската станица на Зелен пазар во Скопје на дрзок начин од една оштетена одзел златен ланец во вредност од 25.000 денари, така што се доближил до неа и и го скинал од вратот.

Потоа на 28 ноември на Камен мост од увото на една оштетена со рака скинал златна обетка вредна 15.000 денари, на 1 декември во близина на хотелот „Арка“ на ист начин одзел златна обетка вредна 6.000 денари, а на 3 декември кај Зелен пазар од увото на една оштетена скинал обетка вредна 10.000 денари.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Нови вести

Убиство во Долно Караслари: Го задушила сопругот, па со синовите пријавиле дека починал

Igor

Скопјанка измамена за 10.000 денари од лице кое се претставило како кум на нејзиниот син

Valentina

Кривична за скопјанец, пукал со пиштол и ранил познаник пред кафетерија

Valentina