January 29, 2023 12:42
Хроника

Едно лице загина во судир на две возила и мотор во Козле

Младо момче загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва на улица „Козле“ во истоимената населба. Првичните информации се дека се судриле три возила, меѓу кои е и моторциклот кој бил управуван од загинатиот.

Брза помош веднаш интервенирала, но не успеале да го спасат момчето, чиј идентитет и точна возраст не е позната. Останатите возила кои учествувале во несреќата се марка „Мини Купер“ и „Цитроен“. На двете, има видни оштетувања.

Улицата е затворена за сообраќај и трае увид. Се утврдуваат причините за несреќата.

Поврзани вести

Битиќи: Владата го гледа приватниот сектор како свој партнер

blink

Им префрлиле само 5.000 денари, приватните превозници во понеделник на протест пред ЈСП

blink

Недомаќинско работење на градоначалниците ВМРО-ДПМНЕ: И Гази Баба планира задолжување со 5 милиони евра

blink