December 10, 2022 05:44
Македонија

Едночасовна пауза во Комисијата за одбрана која расправа за продолжување на кризната состојба

Во собраниската Комисија за одбрана и безбедност, која втор ден расправа за владиниот предлог за продолжување на кризната состојба во енергетиката, е објавена едночасовна пауза.
Членовите на Комисијата расправаат за предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија е моментално е на пауза.
Со предлог одлуките треба да се објави кризна состојба во периодот од 1 октомври годинава до 30 април следната година. Со тоа  ќе се овозможи продолжување на кризната состојба  во енергетската област, што со одлука на Влада стапи во сила од 1 месецов.
Двете одлуки се ставени на дневен ред на 86. седница која почна денеска, но точките по одлуките беа прескокнати.