October 1, 2020 18:40
Свет

Една жртва и деветмина повредени во експлозијата во хемиската фабрика во Шпанија

Едно лице загина, а најмалку девет се повредени, од кои три потешко, во силната експлозија во хемиската фабрика на североистокот од Шпанија, соопштија регионалните каталонски власти, пренесуваат американските медиуми.

Лицето погинало кога врз него се урнала зграда што била погодена од воздушниот бран предизвикан од експлозијата во фабриката во областа Тарагона, објавија весниците „ Вангардија” и „Паис” на своите интернет страници.

Кабинетот на шпанскиот премиер Педро Санчез сооопшти дека тој е во контакт со каталонските власти и дека Мадрид е подготвен да ја пружи сета неопходна помош.

Британскиите медиуми јавуваат дека на лице место се наоѓаат 20 пожарникарски возила, 11 возила на итната медицинска помош и хеликоптер.

На локалните жители им е советувано да останат во своите домови со затворени прозорци. иако засега нема податоци за загаден воздух.

Засега не е позната причината за експлозијата.