December 10, 2022 07:51
Магазин

Еди Фалко искрена за зависноста од алкохол

Еди Фалко, која е трезна веќе три децении, откри дека додека била млада лошите финансии ја навеле да се откаже од кокаинот и да се сврти кон алкохолот.

„Со години не пиев, потоа го испив првиот пијалак на факултет и пронајдов нирвана. Тоа беше одговор на сите мои проблеми и причината за сите мои други проблеми. Бев љубител на кокаин, но никогаш немав доволно пари, марихуаната ми предизвикаше вознемиреност,“ призна таа во интервју за британски „Гардијан“.

58-годишната актерка, која е будист, исто така откри дека кога била зависна од алкохол, нејзиниот порок бил одлучувачки фактор за тоа со кого ќе избере да биде во врска. „Чекав да слушнам колку брзо ќе спомне алкохол и така знаев дека тој е следниот човек“.

Ѕвездата на „Сопранови“, која има две посвоени деца, подоцна се откажала од пиењето кога се разбудила со мамурлак и сфатила дека ја оставила својата влезна врата ширум отворена. Години подоцна доби главна улога во серијата „Медицинска сестра Џеки“ (Nurse Jackie), каде требаше да глуми зависничка од дрога.

„Тешко ми падна идејата за комедија за зависноста,“ рече Еди за „Гардијан“.

„Им реков: ако последната сезона главниот лик не оди на групна терапија и не добие помош, на крајот мора да биде мртва, за луѓето да знаат како е.“