October 17, 2021 17:03
Свет

„Единствена Русија” со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Пет партии – „Единствена Русија”, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално – демократската партија, „Праведна Русија – за вистината” и „Нови луѓе” влегуваат во Државната дума по обработката на 40 отсто од гласовите, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Русија.

– Конечниот одѕив на тридневните парламентарни избори ќе биде објавен денеска, изјави Николај Булаев, заменик-претседател на Централната изборна комисија.

„Единствена Русија” освои 45,54 отсто од гласовите за партиските листи, а нејзините кандидати освоија 193 од 225 места.

На второ место е Комунистичката партија на Руската Федерација, која доби 21,66 отсто од гласовите. Нејзините кандидати водат во 16 изборни единици.

Исто така, во првите пет се Либерално -демократската партија (8,22 отсто) и „Праведна Русија – за вистината” (7,57 отсто).

Партијата „Нови луѓе”, со 6,14 отсто, е единствената вонпарламентарна политичка формација што ја мина бариерата од пет проценти.

На најгласните критичари на Кремљ им беше забрането да учествуваат на изборите.

Како што пренесуваат странските агенции, во текот на трите изборни дена имаше бројни извештаи за изборни нерегуларности и принудно гласање.

Изборната комисија ги отфрли жалбите, наведувајќи дека тие се дел од добро финансирана кампања од странство.

Website https://wcostream.cc: Watch UzaMaid! My Maid Is Still Seriously Way Too Annoying... wcostream Episode Full paw patrol wcostream

Website https://animebee.to: Watch Aladdin and the Wonderful Lamp animebee Episode Full english anime

Spirit Warrior (Dub) (https://animekisa.in/m/6XZz) Episode 2

Website https://animeflv.uk: Watch Time Bokan: The Villains Strike Back animeflv Episode 24 anime stream

Qiita: https://qiita.com/animeflixnl

Misterpoll: https://www.misterpoll.com/users/1431680