Search

Единствена Македонија: Христијан Мицкоски е на исти позиции со Зоран Заев

Вчерашниот избор на преодната влада потврди дека Христијан Мицкоски е на исти позиции со Зоран Заев за богатењето од позиција на власт, за промената на името и идентитетот, и дека се марионети на странски центри, велат од политичката партија „Единствена Македонија“ преку соопштение.

„Народот виде и не слушна еден збор за поништување на антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско и дека новите министри на ВМРО-ДПМНЕ ќе започнат битка против транзициските бандити кои 30 години се богатат од позиција на власт. Наместо ова, денеска Мицкоски на прес го замајува народот со воопштени формулации за пад на индустриското производство, за пад на БДП, за странски инвестиции… што на народот ништо не му значи доколку не си ја повратиме назад изгубената држава.

Маските паднаа. Зоран Заев и Христијан Мицковски се копретседатели на иста партија „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за рушење на Македонија и Македонците.

Единствена Македонија ќе победи и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат, а стекнатото богатство од позиција на власт ќе биде конфискувано, антимакедонските договори поништени, се разбира, според законот“, велат од „Единствена Македонија“ во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави