Search

Единствена Македонија: Опасна провокација од Џафери со неуставното објавување на закони

Талат Џафери продолжува со опасните провокации спрема македонскиот народ и македонската држава со неуставното објавување на Законот за јазици и Законот за ратификација на Договорот за промена на името без потпишување на указот од претседателот Иванов, реагираа преку соопштение од Единствена Македонија.

„Освен нелегално избран за собраниски претседател, Талат Џафери покажува и правна неписменост оти без потпис на указот од Иванов нема закони и Уставниот суд ќе мора тоа да го констатира.

Правната неписменост на Џафери е негова лична работа, меѓутоа, за Единствена Македонија самоволието на Џафери за туркање на јазичната федерализација како преодна етапа до територијалната федерализација со крајна цел создавањето на Голема Албанија во која влегуваат и делови од Република Македонија, е крајно вознемирувачко и опасно“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Од партијата во соопштението посочуваат дека трпението на македонскиот народ било при крај од секојдневните провоцирачки и веќе здодевни барања на албанското малцинство за нови и нови права, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави