Македонија

Единствена Македонија: МАНУ има примарна задача да ги брани националните интереси

Политичката партија Единствена Македонија ја прозва МАНУ, по ставот на Бугарската академија на науките дека не постои македонски јазик. Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на македонското обезличување.

„МАНУ мора да ја каже вистината која базира на историски извори како бо однос на потеклото и корените на македонскиот народ така и за татарско монголското потекло на бугарскиот народ. Во спротивно, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани националните и државните интереси, дотолку повеќе, и по 30 години самостојна држава за разлика од соседните држави единствено МАНУ нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект“, велат од Единствена Македонија.