Search

Единствена Македонија: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по стапките на Зоран и Заев, Христијан вели едно, а Мицкоски друго

,,Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија во изминатиот период се запознаа со двојната личност на Зоран Заев оти се изнагледавме како за исти случаи едно зборува Зоран, а по извесно време го демантира и друго зборува Заев”, соопшти Единствена Македонија.

Според партијата, Христијан Мицкковски трнува по стапките на Зоран Заев.

,,Христијан Мицковски се трансформира во двојна и подвоена личност на штета на македонските национали и државни интереси. Христијан Мицковски од Германија по повод големиот ракометен успех на Вардар упатуваше патриотски пораки за големиот Вардар од Македонија. а само по еден ден, поточно, вчера, раководството на ВМРО-ДПМНЕ на средбата во Скопје со сите амбасадори од Севреноатланскиот совет на НАТО велат дека „врвен стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е интеграцијата на Македонија во НАТО“, а токму со членството на Македонија во НАТО се бришат Македонците. Лагите и двојните игри кај македонскиот народ и државјаните на Република Македонија повеќе не минуваат. Ваквите срцепарателни пораки во кои Христијан е за Македонија и Македонците а Мицковски е за НАТО кој ги брише Македонија и Македонците, не поминуваат. Народот очекува одговор на прашањето, кој се премислува, Христијан или Мицковски?”, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави