Search

Единствена Македонија: И случајот за дрога со Богоевски го отвора прашањето за легалноста на промената на името

Единствена Македонија во повеќе наврати ја запозна јавноста за ништовноста на договорот за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право, како и за постапката во меѓународни рамки како да се поништи договорот. Меѓутоа, сега и случајот за дрога со пратеникот Павле Богоевски го отвора прашањето за легалноста на уставните измени во Собранието со кои се избришаа името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

„Доколку се покаже дека пратеникот Богоевски е зависник од дрога, тогаш овој новооткриен факт го отвора прашањето дека уставните измени се донесени не само од купени и уценети пратеници туку и од дрогиран пратеник, кој не расудувал свесно и неговото гласање не може да се смета за правно релевантно. Дотолку повеќе, при гласањето на измените на Уставот, со пратеникот Павле беа точно 80 пратеници, толку колку што требаше да поминат уставните измени со кои се избриша сè што е македонско.

Македонскиот народ и повеќето од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија што доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да бидеме на првата линија во одбрана на националните интереси и договорот со Грција не само што ќе биде поништен туку ќе бидат расветлени и сите дефектни околности за неговото изгласување“, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави