April 22, 2019 04:35
Македонија

Единствена Македонија: Иванов да ги помилува уставобранителите

Иванов да ги помилува уставобранителите, порача партијата Единствена Македонија, говорејќи за осудените за настаните од 27-ми април.

„Иванов има и силна морална обврска да даде помилување оти при давањето на мандатот на Заев бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки против уставобранителите со што ја потврди општествената опасност за уставниот поредок. Единствена Македонија со барањето за помилување всушност го реафирмира својот став од 21 јануари 2018 кога побара од Иванов, Заев и Мицковски на лидерска средба да ја договорат формата за слобода на уставобранителите – преку претседателот со помилување или преку Собранието со амнестија за што поднесовме во Собранието и готов законски текст за амнестија кој остана закочен кај Талат Џафери само затоа што стоеше фуснота дека не го признаваме Џафери се до уставна оценка на одлуката за неговиот избор од страна на Уставниот суд“, велат од партијата.

Единствена Македонија додава дека Иванов барем на крајот на мандатот треба да се охрабри и да ги помилува уставобранителите кога веќе се уплашил да влезе во битка за одбрана на името преку механизмите на Обединетите нации каде ќе ја добиел подршката на Русија и Кина,  со што, Единствена Македонија смета дека ќе се отворел патот за проблематизирање на усвоената промена на името во Обединетите нации.

Нови вести

Пендаровски победник во првиот круг, освои 4.500 гласа повеќе од Силјановска

Igor

Како другите медиуми известуваа за македонските избори

24news

Мицкоски: Ја победивме хотел коалицијата

Igor