September 23, 2021 23:41
Македонија

Единствена Македонија ги повлече кандидатите за градоначалници

Единствена Македонија донесе одлука за повлекување на веќе утврдените кандидати за градоначалник во 15 општини. Синоќа, кога истече крајниот рок, Единствена Македонија не ги поднесе утврдените кандидатски листи за градоначалници, изјави лидерот на партијата, Јанко Бачев.

„Во изминатите 60 дена по анализите и внатрепартискиот избор утврдивме 15 амбициозни луѓе како кандидати за градоначалник на Единствена Македонија. Но, во актуелните околности кои ги прават овие избори да не се исти со кои било други избори, Единствена Македонија нема да учествува и со градоначалнички листи. Единствена Македонија го слуша гласот на народот за сплотеност и го прифати повикот на ВМРО-ДПМНЕ да се подржат нивните кандидати за градоначалници“, рече Бачев.

Не сакаме да правиме штета со изборот на градоначалници, додаде тој, бидејќи познато е дека градоначалниците се избираат според мнозинскиот систем и победува кандидатот кој што има и само еден глас повеќе од противникот. Затоа, рече Бачев, е потребна опозициска сплотеност и единство за избор на градоначалници.

„Единствена Македонија со ВМРО-ДПМНЕ и јас лично со Христијан Мицкоски можеме да имаме милиони причини, наметнати, политички и економски, реални и ирационални за меѓусебни делби и поделби, можеме да имаме различни надворешно-политички определби. Но, сега оставаме се на страна. Имаме повисока цел – пораз на марионетата Заев. Една, единствена мисла е заедничка за сите нас – љубовта кон Македонија“, рече Бачев.

Watch anime online for free at Animepahe watch anime dub

Website https://kissanime.mx: Watch RahXephon Specials kissanime Episode Full boruto kissanime

Website https://animeheaven.pro: Watch Nobunaga the Fool (Dub) animeheaven Episode 24 boruto anime heaven

Date A Live: Date to Date Episode Full

Deviantart: https://www.deviantart.com/gogoanimebe

Fairmark: https://fairmark.com/forum/users/animefreakws/