December 5, 2021 10:31
Македонија

Единаесет лица од едно семејство загинале во автобуската несреќа во Бугарија

Единаесет лица од едно семејство се дел од загинатите во сообраќајната несреќа во Бугарија- дознава неофицијално 24 инфо. Дел од загинатите се и сопственици на познат ресторан од Скопската чаршија кои биле на прошетка во Истамбул. Меѓу загинатите има и малолетни лица од истото семејство.

Според првичните информации дванаесет деца и уште 34 возрасни лица загинаа во сообраќајна несреќа на автобус со македонски таблички, што се случи ноќеска часа, во Бугарија. Трагедијата настанала на автопатот Софија – Благоевград, а по ударот автобусот се запалил.

Според бугарските медиуми, во него имало 52 лица, а според последните информации успеале да преживеат само 6 кои во моментот се наоѓаат во болницата во „Пирогов“ во Софија. Меѓу загинатите деца имало и близнаци. Не преживеал ниту возачот.

– Во „Пирогов“ се сместени шест лица, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта. Двајца се со изгореници на дланките, другите имаат рани. Луѓето се во тешка траума, изгубија роднини, деца. Тие скокнале од прозорците на автобусот, па оттука и повредите, вели за БГНЕС Маја Аргирова, раководител на клиниката за изгореници во „Пирогов“.

Автобусот тргнал околу 21 часот, а влегол во Бугарија преку граничниот премин Капитан Андреево.

(В.А.)

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

anime freaks tv Attack on Titan (Dub)

AnimeFreak Fairy Tail (Dub)

AnimeFreak My Hero Academia (Dub)

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 20

AnimeFreak My Hero Academia Season 2 (Dub)