July 21, 2019 02:41
Македонија

Единаесет високообразовни институции потпишаа спогодба за меѓусебна соработка

Преставниците на 11 приватни високообразовни институции во земјава формираа тело за меѓусебна соработка и потпишаа заедничка спогодба.

Во просториите на Меѓународниот универзитет „Визион” во Гостивар, денеска се одржа конститутивната седница на Конференција на приватни високообразовни установи на Република Северна Македонија.

– Ова тело ќе работи на развивање на меѓусебна соработка во областа на високообразовната и научно-истражувачката работа, а во согласност со заедничките цели и интереси на спогодбените страни. Претставниците ја потпишаа и спогодба за заедничка соработка согласно член 91 од Законот за високото образование, беше наведено по седницата

Спогодбата ја потпишаа осум универзитети и три високи стручни школи, односно вкупно 11 приватни високообразовни установи.

За претседател беше избран проф.д-р Томе Неновски од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а за заменик-претседател проф.д-р. Ленче Петреска ректорка на Меѓународниот славјански универзитет. Учесниците на конститутивната седница го усвоија и Деловникот за работа.

Оваа иницијатива на високообразовните институции, се посочува, има најширок карактер досега и се очекува да придонесе за развојот на јавните политики во сферата на високото образование во земјата и пошироко.

Нови вести

Катица го изгубила вториот мобилен во Белград

Igor

Од 30 минути до еден час се чека на ГП Богородица

Daniela

Героски со порака до Фрики и Кики: Еве што треба да сторите во следните 48 часа!

Daniela