June 23, 2021 07:48
Свет

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од медиумите, се двајца тинејџери.

Засега не е познат мотивот за нападот.

Сепак, според порталот База, еден од напаѓачите започнал канал на апликацијата „Телеграм“ непосредно пред нападот и оставил неколку пораки. Тој се фотографирал со маска на која пишувало „бог“ и напишал дека ќе го нападне училиштето и потоа ќе се самоубие.

Меѓу убиените има најмалку осум деца и наставник, изјави извор за руската новинска агенција „Интерфакс“. Според ТАСС, 32 лица биле повредени и хоспитализирани. Министерството за внатрешни работи на Татарстан соопшти дека напаѓачите имале експлозивни направи и автоматско оружје.

Порталот Бата ги објави и првите снимки од училиштето каде се случил нападот.

Лекарите успеале да спасат една од жртвите на која и затанало срцето. Ученикот Арслан Шигапов бил застрелан неколку пати, неговото срце застанло, но лекарите успешно го реанимирале.

Заедно со него, најмалку пет други деца се на одделот за интензивна нега.

Властите во Татарстан, руска република чиј главен град е Казањ, објавија дека е засилена безбедноста во другите училишта во градот.

AnimeDao detective conan animedao: The Misfit of Demon King Academy Episode 13

WCOStream anime: The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview