August 19, 2022 12:19
Хроника

Еден загинат во сообраќајка вечерва кај Радишани

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на скопската обиколница на клучката за Радишани, објави Република.

Според порталот, во несреќата има една жртва, а повеќемина се повредени.

Во сообраќајката учествувале два патнички автомобила, а според информациите, едно лице починало на самото место, додека повеќе лица се пренесени во болница со повреди.