October 21, 2021 23:09
Спорт

“Еден – два” победа за Македонците на трката од Twingo CUP во Гробник

Со својот маестрален настап  на тркачката патека Гробник, Хрватска за прв пат нашите Twingo Cupвозачи се искачија на подиумот во генерален пласман во конкуренција со 32 возачи од неколку земји. На Гробник се возеа викендов две трки, а на втората имаше целосна доминација на македонските возачи.

Особено драматична и возбудлива беше втората трка на која Марко Блажевски и Давид Малинковски, иако тргнаа од четвртиот ред на стартот, по 25 минути возење на целта  стигнаа на првите две места. Постојано беа меѓу најдобрите 8, се пробиваа низ патеката, и меѓусебе се поддржуваа. Таа тимска работа на крај им донесе и радост.

Марко Блажевски е првиот Македонец кој триумфираше на FIA CEZ трката на Twingo CUP ,зад него беше Давид Малинковски, додека пак трет зад нив беше унгарецот Лантос. Во текот на целата трка Блажевски и Малинковски беа во линија со водечките, го чекаа моментот и последните кругови Блажевски откако го презеде водството остана таму до крајот.

Воедно ова беше и финална трка на втората сезона на Twingo CUP каде трофејот за првото место му припадна на Давид Малинковскисо вкупно 122 бода. Малинковски сезонава имаше четири победи на осум трки, Блажевски победи двапати, а по еднаш Мартин Костовски и Владимир Тренески.

Второто место во генерален пласман сезона му припадна на младиот Мартин Костовски со освоени вкупно 82 бода, додека пак трет е Ангелче Стојковски со освоени 80 бода.

За следната година, во третата сезона на Twingo Cup планирано е возење на патеките на Серес – Грција, Гробник – Хрватска, Словакиаринг–Словачка, Red bull Ring -Австрија каде македонските Twingo CUP возачи ќе се борат за главната награда, а тоа е 100% Електричен Renault Twizy .

Голема благодарност до нашите пријатели поддржувачи: Renault, Аутомотив Груп, Шпаркасе Лизинг, ПСС и Триглав Осигурување како и до Лема Рејсинг тим за успешната соработка.

Website https://animepahe.cc: Watch Garugaku.: Sei Girls Square Gakuin animepahe Episode 50 - Raw animes online

Vinland Saga (Dub) Episode 24

Website https://animeflix.nl: Watch Pikachu's Island Adventure animeflix Episode Full animeflix pokemon

Sisters of Wellber Zwei Episode 13

Superspringsinternational: https://www.superspringsinternational.com/users/animefreak-ws/

Pxhere: https://pxhere.com/en/photographer/3662903