Балкан

Еден вид вијагра повлечен од косовските аптеки

Косовската Агенција за медицински производи и опрема (АКППМ) денеска соопшти дека по извршените лабораториски тестирања, од пазарот повлекла еден вид на препаратот вијагра, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Ве известуваме дека продуктот Био-сутра со активна супстанција сиденафил цитрат, 100 милиграми орален гел (со седум различни вкусови) со сериски број БСЈ 817, производ на „Свис Парентералс ПВТ ЛТД” е донесен од Фармацевтскиот инспекторат како редовен производ во Официјалната лабораторија за контрола на квалитетот, при што, по извршените тестирања, се добиени микробиолошки резултати кои резултираат со надминување на дозволените фармакопеални лимити, како и неусогласеност со декларацијата на производителот, се вели во соопштението на АКППМ.

Поради тоа, според Агенцијата, „споменатиот производ е пријавен како продукт надвор од дозволените специфики” и е донесена одлука за повлекување на таа серија од пазарот.

Нови вести

Вонредните локални избори во северно Косово почнаа без проблеми

Daniela

Вучиќ го отвори за сообраќај јужниот крак на Коридорот 10

Igor

Воени бродови на НАТО впловија во Драч

Igor