August 19, 2022 13:16
Спорт

Егоров освои бронзен медал на МИ во Алжир

Македонскиот борач Владимир Егоров го освои бронзениот медал на Медитеранските игри во Алжир. Тој вечерва во репасажот го победи Абделхак Кербаче со 7:2.

Егоров поведе со 1:0, домашниот борач направи пресврт и дојде во водство со 2:1, а потоа следуваа шест врзани победи за македонскиот борач за конечни 7:2.

Македонското борење вечерва ќе освои уште еден медал, а дали ќе биде златен или сребрен зависи од исходот на борбата на Магомедгаџи Нуров со Фејзулах Актурк од Турција.