January 22, 2019 22:35
Свет

Египетскиот суд осуди 65 лица за тероризам

Египетски суд денеска осуди 65 лица за кои се верува дека се екстремисти и членови на терористичка група, кои изразиле лојалност кон ИД.

Со пресуда, 18 од нив беа осудени на доживотен затвор, 41 на 15 години затвор и шестмина до пет години затвор. Две лица се ослободени.

Од 67 обвинети, 43 се во притвор, додека другите, меѓу кои и две жени се во бегство.
Обвинителите изјавија дека групата имала ќелии во шест провинции и дека лицата биле обучени да користат оружје и експлозиви.

Related posts

Уапсен поранешен шеф на полицијата поради трговија со бебиња

Ivona

(Видео) Кинеска сонда слета на темната страна на Месечината

Filip

Најмалку 22 загинати при протеси на опозицијата во Судан

Filip