April 21, 2019 08:54
Свет

Евтин руски дуќан во Германија затворен по 5 дена – производите експресно распродадени

„Торгсервис“, првиот руски синџир за трговија на западноевропскиот пазар, ја затвори својата продавница „Мере“ во Лајпциг по само пет дена.

Како што велат од таму, дуќанот е затворен само на два дена, а причината за тоа е дека продале сè.

„Торгсервис“ минатата среда ја отвори својата прва продавница во источниот дел на Германија. Нивниот главен адут се ниските цени – пониски и од оние во германските дисконти како што се „Лидл“ и „Алди“.

Како на пример, половина килограм мелено месо подготвено за печење во „Мере“ е само 99 центи, додека еден литар млеко чини 50 центи.

„Почитувани потрошувачи, поради високата побарувачка нашата продавница е затворена на 4 и 5 февруари. Реагиравме брзо, но утврдивме дека на нашите добавувачи им треба малку време да ги пополнат полиците. Со најниски цени за вас, повторно ќе бидеме отворени на 6- февруари во 9 часот“, се вели во пораката што ја добија клиентите на влезната врата на продавницата во Лајпциг.

Некои германски медиуми се сомневаат дека продавницата е затворена поради некои производи кои можеби не ги исполнуваат стандардите за квалитет на храна, пропишани со строгите европски закони. Од „Торгсервис“ велат дека сите производи ги исполнуваат ЕУ стандардите и дека покрај Германија, доаѓаат од двете соседни држави – Поласка и Чешка.

Нови вести

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур- домот на највисокиот водопад во светот

Igor

Утре втор круг од претседателските избори во Украина

Igor

Уапсени 227 лица на протестите на ,,Жолтите елеци” во Париз

Igor