December 5, 2022 10:05
Економија Свет

Еврото и британската фунта ноќеска на ново рекордно ниско ниво во однос на доларот

Еврото во текот на ноќта падна на ново 20-годишно најниско ниво во однос на доларот, а британската фунта на историски рекордно ниско ниво, јавија германските веб-страници за финансиски информации.

Заедничката европска валута се тргуваше по 0,95 долари, ниво што не е регистрирано од 2002 година.

Британската фунта изгуби речиси пет отсто до 1,0350 долари, што е најнизок курс досега во однос на доларот.

Во утринското тргување и двете валути почнаа благо да закрепнуваат.