November 14, 2019 13:29
Македонија

Евротинк: Се намалува поддршката за европските интеграции

Помалку од половина од граѓаните или 47,7 % се оптимисти дека Македонија, неделава ќе добие зелено светло за старт на преговори-покажува најновата анкета на Евротинк. Според бројките, од март до септември,  довербата на граѓаните опаднала за 11,8 % дека земјава ќе стане членка на ЕУ во наредните 10 години.

Сепак поддршката за членство и понатаму останува голема-околу 60 проценти се „ ЗА“,  а 70 % сметаат дека би имале придобивки од него. Според анкетата голема улога игра етничката и партиската припадност. 90% од Албанците сакаат да ја видат земјава во ЕУ, за разлика од Македонците каде бројката е  за 20% помала. Од евротинк велат дека доколку не добиеме датум за преговори, довербата на граѓаните значително ќе опадне.

Бројките покажуваат и дека граѓаните не ја гледаат Франција како непријател. За нив, традиционално, тоа се  соседите. Според анкетата, за големи непријатели споредбено со лани граѓаните ги чуствуваат Бугарите,  а ваквото мислење владеело по условувањата кон земјава непосредно пред одлуката на Советот на ЕУ.

Анкетата  е направена телефонски, од 27 септември до 14 октомври врз 1000 испитаници.

Нови вести

Мицковски: Промената на името не беше услов за членство во НАТО

Valentina

Арсовски: Заев и СДСМ  им кратат на професорите во средните училишта и наставниците во основните училишта цели 5.660 денари од нивната плата

Valentina

Стоилковски: Oва е црна недела за новинарите и за медиумите во Македонија

Valentina