March 3, 2021 03:07
Свет

Евростат: Од март до ноември 450.000 починати повеќе отколку во периодот 2016-2019

Во државите од Европската унија од март до ноември минатата година регистрирани се 450.000 повеќе смртни случаи отколку во истиот период помеѓу 2016 и 2019 година, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Експертите користеа месечни податоци од земјите на ЕУ за да ја споредат смртноста во 2020 година со просекот во истиот период од 2016 до 2019 година.

Евростат соопшти дека податоците „даваат општа слика за смртноста под влијание на пандемијата на Ковид-19, бидејќи тие ги вклучуваат сите смртни случаи без оглед на причината”.

Прекумерниот број на смртни случаи достигна врв во ноември, кога беше за 40 проценти повисок од просекот во претходните години. Тој врв во ноември следеше по многу понискиот регистриран во април, за време на првиот бран на пандемијата, кога смртните случаи беа околу 25 проценти повисоки од просечните.

По април, бројките паѓаат, за повторно да почнат да растат во август, заедно со бројот на случаи со коронавирус.

Врвот во ноември беше особено изразен во Бугарија, Полска и Словенија, каде зголемувањето беше повеќе од 90 отсто. Зголемувањето на смртните случаи во Белгија тој месец е речиси 60 проценти, а во Италија и Германија 50 проценти. Во истиот месец, Хрватска забележа 46,3 проценти поголема смртност, покажуваат податоците на Евростат.

Fairy Tail (Dub) Episode 175 at Crunchyroll crunchyroll premium account list

Watch The Seven Deadly Sins: Wrath of the Gods (Dub) Episode 12 (https://gogoanime.be/m/ARwx/ep-12) at website https://gogoanime.be gogoanime softonic