June 19, 2019 05:54
Свет

Евростат: ЕУ најмногу мед увезува од Кина

Европската унија увезува најмногу мед од Кина, според податоците на Евростат.

Од таа земја, во 2018 година, биле увезени 80.000 тони мед, што претставува 39 отсто од вкупниот увоз на мед од земји што не се членки на ЕУ.

По Кинезите, Европејците трошат највисока количина мед од Украина, што е потврдено со фактот – увоз на 41.000 тони мед, што е 20 отсто од вкупниот износ на увоз на таа храна.

На третото место е Аргентина, од каде се увезени 25.000 тони мед, што претставува 12 отсто од вкупното количество увезен мед. Следуваат – Мексико со 21.000 тони или 10 отсто од вкупниот увоз, и Чиле со 8.000 тони или четири проценти од вкупниот увоз.

Нови вести

Трамп најави депортација на милиони илегални имигранти од САД

Filip

Трамп најде замена за шефот на Пентагон – Еспер наместо Шенахан

Filip

Помпео: Трамп не сака војна со Иран

Filip