December 5, 2022 22:58
Балкан

Европски функционери го притискаат Вучиќ во Њујорк да воведе санкции врз Русија

Европските власти во Њујорк вршат голем притисок врз српскиот претседател Александра Вучиќ веднаш државата да се приклучи кон санкциите против Русија, пишуваат српските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до ЕУ во Њујорк.

Вушиќ се наоѓа во Њујорк, каде учествуваше во отворањето на општата дебата на светските лидери на 77. сесија на Генералното собрание на ООН.

Тој се состана со лидерите на бројни земји и најави дека се договорил со уште една земја за повлекување на признавањето на независноста на Косово.

Претседателот додаде дека Србија продолжува да бара компромисни решенија, но и да ја зајакне економската соработка со САД и дека тоа е важно за неговата земја.

– Како што се обидуваме да одржуваме добри односи со Русија и Кина. Тоа е единствената политика што можеме да ја имаме. Заради Косово можеме да имаме само наша страна. Мора да бидеме насекаде, бидејќи се бориме за голиот живот на нашиот народ и нашата земја – рече претседателот.