September 24, 2021 05:51
Фудбал

Европскиот шампион Ливерпул елиминиран уште во осминафиналето

Европскиот шампион Ливерпул елиминиран уште во осминафиналето

Ливерпул не го одбрани трофејот во Лигата на шампионите, откако вечерва во осминафиналето е елиминиран од Атлетико Мадрид. Осминафиналната пресметка им припадна на Шпанците, иако „црвените“ беа на прагот на четвртфиналето, бидејќи вечерва најпрво ја анулираа негативата од 0:1 од првиот меч, а потоа во продолженијата поведоа и со 2:0. Гостите од Мадрид до крајот на дополнителните 30 минути направија целосен резултатски пресврт за конечни 2:3.

Стрелци на головите за Ливерпул беа Жоржињо Вијналдум во 43. и Роберто Фирмињо во 94. минута, додека головите за Атлетико беа дело на Маркос Љоренте во 97. и 105+1. минута и на Алваро Мората во 120+1. минута.

На другиот вечерашен реванш натпревар од осминафиналето во елитното натпреварување, Пари Сен-Жермен ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 и со вкупни 3:2 се избори за четвртфинале.

Претходно место помеѓу осумте најдобри во фудбалската ЛШ обезбедија Лајпциг и Аталанта.

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz

Watch Giant Robo Episode Full

Hyakka Ryouran: Samurai Girls Specials (https://animefreak.ws/m/Lb21) Episode 6

Gab: https://gab.com/animefreakws

Talk plesk: https://talk.plesk.com/members/kissanimemx.225795/#about