January 16, 2022 20:29
Македонија

Европскиот суд за човекови права во Стразбур бара одговори од Владата за состојбата на Камчев пред да донесе одлука за изрекување на времена мерка

На 30 јуни оваа година поради сериозно влошена здравствена состојба Јордан Камчев беше задржан 5 дена на Клиниката за Кардиологија во Скопје откако претходно, неколкупати по влошување на неговата состојба беше пренесуван на истата клиника од затворот во Скопје. Во извештајот кој е добиен од страна на докторите по хоспитализацијата, неговата здравствена состојба е карактеризирана како тешка, животозагрозувачка и истата треба со внимателност да се следи, за што е инициран и преглед месец и половина подоцна кој сè  уште не е реализиран.

Овие извештаи само ја потврдија состојбата на хронично срцево заболување на г-динот Камчев. Медицинските белешки потврдени од кардиолози од Македонија како и од кардиолози од Австрија и Словенија укажуваат на тоа дека тој спаѓа во групата на „пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми’’ и постои висок ризик со животозагрозувачки последици доколку неговата состојба не е соодветно третирана и следена.

Опширната медицинска документација за сериозноста на неговотоздравствено заболување и состојба во неколку наврати е веќе доставувана во Судот на увид.

Поради итноста и сериозноста на ситуацијата, континуирано влошување на неговата состојба и необезбедувањето на соодветен третман за истата, на 29 октомври одбраната на г-дин Камчев се обраќа до Кривичниот суд во Скопје со барање за издавање дозвола за влез во КПУ Затвор Скопје на специјалист интернист/ кардиолог, вешто лице од областа на интерната медицина со цел да изврши детален преглед на Камчев и да даде соодветно мислење за здравствената состојба како и препорака за натамошно лекување.

Бидејќи за доставеното барање не добива никаков одговор ниту одлука, одбраната на г-динот Камчев се обраќа до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Обраќањето кон Европскиот суд за човекови права се однесува на третманот кој г-динот Камчев (не) го добива во затворот во Скопје по однос на неговата здравствена состојба.

Европскиот Суд за човекови права во Стразбур веднаш одговара на барањето на одбраната на Камчев барајќи одговори од Владата на Македонија за нивното непостапување!

Најдоцна до 24 ноември, Владата треба да даде информација на Судот во Стразбур за барањето на жалителот од 29 октомври 2021 за издавање дозвола за влез во КПУ Затвор Скопје на доктор интернист/кардиолог, вешто лице од областа на интерната медицина за да изврши преглед на г-динот Камчев, испратено до Основниот Суд Скопје. Доколку е применливо, Судот во Стразбур ја бара на увид одлуката, доколку не е одлучено по барањето на жалителот Судот ја повикува Владата да го извести за причините зошто истата ја нема.

Исто така, Судот во Стразбур бара образложение од Владата на Македонија и за последниот медицински третман на жалителот во врска со неговата срцева состојба. Конкретно, на кој начин и до кој степен националните власти му обезбедиле на Камчев редовен медицински третман од кардиолог и/или медицински прегледи со помош на ехокардиографија и/или коронарографија?

Европскиот суд за човекови правасогласно со правилото 39 од Правилата на Судот  во случајот на г-дин Камчев, а поради причината на флагрантно и континуирано кршење на неговите основни човекови права,  е во постапка за изрекување на времена мерка со која на Македонските власти треба да им се наложи под итно да извршат медицински преглед од кардиолог и итно ослободување и сместување во домашен притвор поради неговата  влошена здравствена состојба.

 

 

 

anime to watch. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Horimiya (Dub) Episode 11

AnimeDao That Time I Got Reincarnated as a Slime

AnimeDao One Piece (Dub) Episode 758

anime online AnimeDao So I'm a Spider, So What?

To Your Eternity