August 22, 2019 07:15
Балкан

Европската перспектива на Западен Балкан една од темите на средбата Дендиас – Миланези Атина, 8 август 2019 (МИА) – Европската Унија значи да се говори и за перспективите за проширување со Западен Балкан, бидејќи е географски регион од голем и близок интерес за Италија и за Грција и во однос на ова ќе ги координираме нашите позиции, изјави шефот на италијанската дипломатија, Енцо Моаверо Миланези по средбата со неговиот грчки колега, Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. На средбата во Министерството за надворешни работи на Грција, Дендиас и Моаверо Миланези разговарале меѓу другото и за регионот, односно како што рече шефот на грчката дипломатија, „за ситуацијата на Западен Балкан и европската перспектива на земјите од регионот”. Двајцата министри разговараа и за Источниот Медитеран, за енергетските теми како што се изградбата на гасоводите ТАП и „ИстМед”, како и за миграцискиот проблем. Дендиас и Моаверо Миланези посочија дека ќе ги интензивираат контактите и средбите. Последната посета на Грција на шеф на италијанската дипломатија беше пред речиси три години, а Моаверо Миланези е првиот министер за надворешни работи на земја членка на ЕУ што доаѓа во Атина по изборите минатиот месец. Тој за време на дводневната посета на Атина ќе оствари средба и со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.

Европската Унија значи да се говори и за перспективите за проширување со Западен Балкан, бидејќи е географски регион од голем и близок интерес за Италија и за Грција и во однос на ова ќе ги координираме нашите позиции, изјави шефот на италијанската дипломатија, Енцо Моаверо Миланези по средбата со неговиот грчки колега, Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

На средбата во Министерството за надворешни работи на Грција, Дендиас и Моаверо Миланези разговарале меѓу другото и за регионот, односно како што рече шефот на грчката дипломатија, „за ситуацијата на Западен Балкан и европската перспектива на земјите од регионот”.

Двајцата министри разговараа и за Источниот Медитеран, за енергетските теми како што се изградбата на гасоводите ТАП и „ИстМед”, како и за миграцискиот проблем.

Дендиас и Моаверо Миланези посочија дека ќе ги интензивираат контактите и средбите.

Последната посета на Грција на шеф на италијанската дипломатија беше пред речиси три години, а Моаверо Миланези е првиот министер за надворешни работи на земја членка на ЕУ што доаѓа во Атина по изборите минатиот месец. Тој за време на дводневната посета на Атина ќе оствари средба и со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.

Нови вести

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Filip

Протести во Турција по смена на тројца градоначалници, 30 приведени

Filip

Грција нема да го прими иранскиот танкер

Igor