June 26, 2022 06:38
Македонија

Европската комисија повикува на конструктивен дијалог во Собранието

Европската комисија ги повикува сите партиите во Собранието на Северна Македонија да се однесуваат конструктивно, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова кусо го изјави портпаролката за проширување во Европската комисија, Ана Писонеро, на прашање за став на Комисијата за последните инциденти во Собранието и „активната блокада” од страна на опозицијата.

– Ги повикуваме сите политички сили во Парламентот да работат заедно и конструктивно за да ги унапредат реформите поврзани со ЕУ во интерес на граѓаните, изјави Писонеро.

ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии од коалицијата „За обнова на Македонија” во вторникот почнаа со, како што ја нарекоа, „активна блокада на Собранието”, која, според најавите, ќе трае се до „постигнување договор за датум за предвремени парламентарни избори”.

https://go88.gg/

tại sunwin plus chơi game sunwin online Sunwin - Game bài Macau uy tín