August 14, 2022 20:55
Свет

Европол: Украинските бегалци на мета на мафијашките групи

Европол соопшти дека координира заедничка операција за борба против трговците со луѓе кои специјално бараат украински жртви на интернет, јави ДПА.

„Идентификувана е сомнителна активност на голем број интернет платформи, вклучително и на руски јазик”, се вели во соопштението.

Во текот на операцијата се разгледани предлози за помош или вработување бегалци и платформи за запознавање и сексуални услуги за воспоставување обиди на криминални мрежи за напад врз украински бегалци заради експлоатација.

Операцијата е извршена на 23 мај. Инспекторите следеле 125 интернет платформи во 14 различни земји и идентификувале девет наводни трговци со луѓе и девет потенцијални жртви.

Инспекцијата „пронајде значителен број сомнителни понуди за работа насочени конкретно за Украинките”, нудејќи „фотосесии” и ветувања за „светла иднина”.