June 26, 2022 21:39
Свет

Еврокомисијата ќе ги објави плановите за надминување на зависноста на ЕУ од руските фосилни горива

Европската комисија денеска треба да ги открие долго најавуваните предлози како ЕУ да ја надмине зависноста од увозот на руски фосилни горива, особено природниот гас

Во нацрт-предлозите чии делови објавува агенцијата ДПА, Еврокомисијата предлага нови цели за производство енергија од обновливи извори со зголемена ефикасност, забрзување на процедурите за доделување дозволи за проекти за производство зелена енергија како турбините на ветар, потоа проширување на енергетските капацитети на база на водород, како и диверзификација на увозот на гас.

За да го зголеми производството на одржлива електрична енергија, Комисијата предлага поставување нова цел – 45 отсто енергијата во рамки на ЕУ до 2030 година да биде од обновливи извори наместо 40 проценти како што беше претходно планирано.

Комисијата исто така има амбиции до 2028 година двојно да биде зголемен бројот електроцентрали на соларна енергија, преку олеснети процедури за издавање дозволи за т.н. соларни фарми, како и преку опремување на деловните објекти со соларни панели.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен синоќа преку својот твитер-налог објави дека меѓу останатите предложени мерки се предвидува зајакнување на производството на водород во ЕУ, дел со употреба на електрична енергија произведена од обновливи извори, дел преку увоз.

Според новите планови насловени како „REPowerEU”, Еврокомисијата ги повикува потрошувачите да штедат енергија. Притоа како начини за реализирање на штедењето се предлагаат опции за работа од дома, помалку користење сопствени возила за превоз итн…

За надминување на енергетската зависност од Русија се проценува дека наредните пет години ќе бидат потребни вложувања во вредност од 195 милијарди евра.

Во делот посветен на начините за подобрување на енергетската безбедност се бара и диверзификација на набавките на гас.

https://go88.gg/

sunwindow sunwin tài xỉu sunwin intelligent