February 25, 2021 17:59
Македонија

Евроамбасадорот Гир на средба на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски 

Изјава на Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

„Денес, имавме средба со неговата екселенција, евроамбасадорот Дејвид Гир со кој
што разговаравме за актуелните случувања и предизвици со кои што се соочува Собранието на
Република Македонија, ние како пратеничка група во овој Парламентарен дом, но и државата
во целост. На оваа средба разговаравме и стана збор за лошата економска состојба во Република
Македонија, задолжувањето на државата, КОВИД кризата и предизвиците од неа односно
лошото справување на Владата со последиците од КОВИД кризата.

Исто така, разговаравме за пописот и други актуелни теми во самото Собрание,
злоупотребата на европското знаменце, како и скратената постапка на законските решенија
кои што стигнуваат во Собранието на Република Македонија.

На самата средба беше изразена желба да се помогне во одредени процеси со нивна
поддршка за придвижување на дијалогот помеѓу политичките субјекти од власта и опозицијата
и надминување на проблемите по одредени состојби кои што ги имаме.

Дадовме свои видувања и укажавме дека досега дадовме целосна поддршка за многу
важни законски решенија кои што влегоа во Собранието од делот на економијата, мерките кои
што беа во интерес на граѓаните и на стопанството, како и поддршка за законите за решавање
на проблемите со пандемијата, но од друга страна укажавме и дека нема да седиме со
скрстени раце кога во Собранието на Република Македонија влегуваат сомнителни,
неквалитетни и коруптивни законски решенија за кои што опозицијата има свои забелешки.

Сметам дека средбата помина во најдобар ред, ова е прва официјална средба со
неговата екселенција, амбасадорот Дејвид Гир. Се надеваме на понатамошна заедничка и
плодна соработка во сите сегменти.

Fire Force (https://animeheaven.pro/m/20O1) Episode 24 at website https://animeheaven.pro animeheaven one piece

Watch Attack on Titan: Lost Girls Episode 2 (https://animeplanet.cc/m/bXgQ/ep-2) at website https://animeplanet.cc. See more www anime planet com sign up