August 19, 2022 12:16
Македонија

Евроамбасадорот Гир го поддржа законските измени за судиите, ЕУ очекува негово донесување, слуша ли ВМРО-ДПМНЕ?

Евроамбасадорот Гир на денешниот Мешовит парламентарен комитет РСМ-ЕУ упати јасна порака дека ЕУ очекува поддршка од пратениците за Законот за продолжување на рокот за пензионирање на судиите. „Пензионирањето на голем број судии останува предизвик. Затоа, предлог измената е важна за да се надополни недостатокот на персонал во судството и обвинителството. Чекаме да се комплетира и бројот на судии во Уставниот суд без кои тој не би можел да функционира.“ рече Гир. В

МРО-ДПМНЕ два дена се обидува да го блокира овој закон, а се случија и инциденти на самата седница на собраниската комисија. СДСМ обвини дека опозицијата го блокира законот за да се попречи правдата. Јасна е порака од Евроамбасадорот Гир, ЕУ очекува решение затоа што правото и владеењето на правото се значајни и во однос на полноправното членството во Унијата, но слуша ли ВМОР-ДПМНЕ?