August 17, 2022 15:43
Скопје

Евроамбасадорот Гир во посета на општината Аеродром

Евроамбасадорот и Шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Дејвид Гир денеска оствари посета на Општина Аеродром каде се сретна со градоначалникот Тимчо Муцунски.

На средбата се зборуваше за силната поддршка која Европската Унија ја дава на градоначалникот и општината во остварувањето на програмата и ветувањата, со посебен акцент на проектот „Еко-Дром“ и заложбата Аеродром да стане вистинска зелена општина.

-Со амбасадорот Гир и претставниците на Делегацијата зборувавме за проектите кои ги имаме предвидено во нашата програма, при што беше нагласена европската поддршка за иницијативата „Еко-Дром“ и акциите кои ги преземаме во рамки на Европскиот зелен договор и заложбата за зелена и здрава животна средина. Од нив исто така добив уверување дека можеме да очекуваме поддршка за деловната заедница која значајно придонесува во општината, а особено беше потенцирана и потребата од соработка за остварување на нашиот план за претворање на Аеродром во центар за иновации, изјави градоначалникот Муцунски.

game bài sunwin

sunwin apk

sunwin

sunwin club tải sunwin tải sunwin

game bài sunwin game sunwin tải sunwin