December 9, 2022 13:57
Македонија

Еврејската заедница поднесе кривична за бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви вечерва истакна дека се згрозени од отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ и најавеното отворање на клуб со името „Цар Борис Трети“.

-Најавивме и поднесување кривична пријава. Потребно е време да се приложат докази, да се подготви пријавата и во тоа успеавме. Ангажиравме адвокатска куќа и во понеделникот ја упативме кривичната пријава до Јавното обвинителство во Охрид за отворање на здружението под тоа име. Се надевам дека ЈО ќе реагира доста брзо. Сите знаеме кој е Цар Борис Трети, информира Леви.

Тој во емисијата „24 анализа“ покажа фотографија од цар Борис Трети како се поздравува со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ е најавено за 7. октомври во центарот на Охрид.