January 23, 2021 05:40
Спорт

Евра: Дајте му Оскар на Алиоски

Легендата на Манчестер јунајтед, Патрис Евра вели дека македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски  имал улога достојна за Оскар изнудувајќи го црвениот картон на Никола Пепе на дуелот Лидс-Арсенал, но признава дека Французинот си ја заслужил казната.

Неделниот меч на „Еланд роуд“ предизвика многу дискусии, откако Пепе доби црвен картон во 51. минута по обид да го удри со глава Алиоски, кој, сепак, мора да се признае театрално ја искористи шансата да го принуди судијата Ентони Тејлор (кој ни судеше со Грузија) да му даде директен црвен картон.

„Алиоски заслужува Оскар! Ја одигра улогата толку добро, што јас да бев на клушата на Лидс ќе бев многу задоволен. Но, ајде човеку, изгледаше како да му го скрши носот“, вели Евра.