December 1, 2021 16:59
Скопје

Еви ги локациите каде што ќе се градат гаражите во општината Чаир

Се планира изградба на вкупно 3.000 нови паркинг места на различни локации во Општина Чаир. Изградбата на овие паркинзи се прави во рамките на Стратешката инвестиција што глобалната компанија Мабетекс ќе ја направи во Општина Чаир и чиј договор за инвестирање беше потпишан на 6 септември помеѓу градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и бизнисменот Беџет Пацоли. И оваа стратешка инвестиција е вредна 80 милиони евра.

Гаражите ќе бидат подземни и катни, додека е опфатена целата територија на Општина Чаир.

Една од локациите ќе биде Подземниот паркинг на плоштадот Скендербег, кој ќе има 369 места за паркирање и ќе зафаќа површина од 14.000 м2, а е со инвестициска вредност од 23.370.000 евра.

Кај џамијата Иса Бег ќе се гради катна гаража со 185 паркинг места во површина од 4.557 м2 и вредност од 1.932.000 евра, додека катната гаража кај Албанскиот театар ќе има 320 места за паркирање и ќе опфаќа површина од 7.500 м2 со вредност од 3.107.000 евра.

Во Чаирчанка, катната гаража ќе има 280 паркинг места на површина од 7.700 м2 и вредност од 3.201.000 евра.

Со изградба на катната гаража кај „Пластичарска улица” ќе се создадат 300 паркинг места во површина од 7.539 м2 и вредност од 3.125.000 евра, додека во катната гаража во населбата Чаир-парцела 7.36 ќе има 410 паркинг места во површина од 9.702 м2 и вредност од 4.000.000 евра.

Другата катна гаража во населбата Чаир ќе биде на парцела 7.35 со 170 паркинг места во површина од 4.000 м2 и вредност од 1.704.000 евра.

Во населбата Чаир ќе има уште две катни гаражи, онаа на парцелата 7.38 со 107 паркинг места и површина од 2.520 м2, како и инвестициска вредност од 1.114.000 евра и на парцела 7.4 со 170 паркинг места во површина од 4.000 м2 и инвестициска вредност од 1.704.000 евра.

Другата многу важна локација каде што ќе се гради катна гаража со 170 паркинг места во површина од 3.995 м2 со вредност од 1.706.000 евра, е спроти Чаршијата 4.16, додека катната гаража Принц ќе има 350 паркинг простори на површина од 7.500 м2 во вредност од 3.209.000 евра.

Kе има катна гаража во КП 2079 Чаир со 350 паркинг места на површина од 14.700 м2 со вредност од 6.000.000 евра; потоа во КП 1114/1 и КП 1109/5 во Центар со 110 паркинг места во површина од 2.625 м2 со вредност од 1.147.000 евра.

Со овие паркинзи не само што се ослободуваат тротоарите и овозможуваат слободно движење на граѓаните, послободен одвив на сообраќајот, што значи уште помало загадување. За овие четири години Општина Чаир успеа да создаде повеќе од 1500 нови паркинг места, реализирани во различни населби во Чаир. Вреди да се спомене дека по реновирањето на Бит пазар, на горниот кат, се создадени 220 нови паркинг места.