Евертон успеа да се пробие меѓу првите четири екипи во англиската фудбалска Премиер лига со триумфот на гостински терен против ВБА (1:0). Стрелец на единствениот гол со кој „карамелите“ дојдоа до победата беше Ришарлисон во 65-тата минута.
Со оваа победа Евертон сега има 46 бода и се наоѓа на позицијата која води во Лигата на шампионите, додека ВБА е се поблиску до враќање во Чемпионшип, со оглед на тоа што имаат само 17 бода и се наоѓаат на 19. место.
Со денешната победа против Фулам во игра за пласман во Лигата на шампионите останува и Тотенхем на Жозе Мурињо, тие успеаа да славата на гостувањето кај Фулам со 0:1. Единствениот погодок на овој меч беше автоголот на Тосин Адарабијо во 19. минута.
ВАР системот му помогна денеска на Мурињо, со оглед на тоа што беше поништен голот на Џош Маја во 62-та минута.