February 27, 2020 15:39
Магазин

Ева Лонгорија со своето деколте го привлече вниманието на црвениот килим во Лос Анџелес

Актерката Ева Лонгорија (44) се појави на црвениот килим на доделувањето на престижните награди „Producers Guild“, а она што особено ги мамеше погледите на присутните беше нејзиното длабоко деколте.

Ева на доделувањето на наградите носеше гламурозен долг романтичен фустан во златна боја, со длабок V-изрез.

Церемонијата на доделување на наградите се одржа во Лос Анџелес, а на црвениот килим се прошетаа многу познати холивудски дами меѓу кои и актерките Шарлиз Терон, Никол Кидман, Кејт Бекинсејл.