October 26, 2020 17:32
Свет

Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана.

Ова на американската агенција АП и го соопштија двајца полицајци кои беа на местото на настанот, а се додава и дека полицијата го блокирала целиот простор околу кулата со автомобили и ленти, но и мостот што води преку реката Сена до плоштадот Трокадеро.

Во областа можат да се видат некои туристи, но засега не е познато дали некој од нив сè уште е во Ајфеловата кула.

Пред пандемијата на коронавирусот, кулата, изградена пред 131 година, ја посетувале 25.000 туристи на ден, а сега тој број е многу помал.Кулата беше затворена на почетокот на пандемијата, а пред тоа беше затворена само повремено, претежно кога поединци се закануваа со самоубиство, бомби или поради штрајк на вработените.