April 10, 2021 22:17
Македонија

Д-р Чадиковски: Доколку сте прележале корона, предајте ја вакцината на некој што нема антитела

Д-р Владимир Чадиковски, дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ вечерва соопшти дека не се вакцинирал, иако имал можност, затоа што има доволно антитела.

„Прележав Ковид-19 во јануари, со силна клиничка слика,имам доволно антитела,а денес требаше да се вакцинирам. Не се вакцинирав дека можам уште неколку месеци да бидам заштитен.Предајте ја вакцината на некој што нема антитела ако сте во иста ситуација,имате стекнат имунитет 4-6 месеци!!“, објави докторот.

Две и пол илјади граѓани ја примија првата доза Спутник на стартот на масовната имунизација во земјава. На располагање здравствените работници имаат 20 илјади од руската вакцина и доколку се продолжи со ова темпо, дозите ќе бидат употребени за 8 дена.

„Досега се вакцинирани речиси 13 илјади граѓани и освен два случаи на колапс кои не се поврзуваат со вакцината, други несакани ефекти нема, а девојката која имаше тромбоза е добра и денеска оди на домашно лекување“, информираше денес министерот за здравство, Венко Филипче.

My Hero Academia 2 (Dub) (https://4anime.biz/m/zp9L) Episode 25 at 4Anime watch animes

Gintama (https://animedao.nl/m/AK2) Episode 201 at AnimeDao animedao haikyuu to the top