Македонија

Д-р Андоновски: Омикронот навестува воведување на една нормалност по ковид 19 пандемијата

Според безброј заклучоци кои пристигаат од сите страни на светот, СЗО , Центарот за контрола на болести и ред други реномирани научни институции омикронот е со сите примеси од претходните соеви. Тоа значи дека е поагресивен , поконтагиозен и дека ширењето е многу брзо.Ова се случува  поради фактот дека сите мутации од соевите на Ковид 19 се обединети во Омикронот- вели за 24 инфо д-р Ангелчо Андоновски спец.педијатар од Здравствен дом Скопје , Поликлиника Букурешт.

– Што е она што го карактеризира посебно е дека подеднакво и тоа со нагорна линија има појава на инфекции и реинфекции , независно дали се прележани или вакцинирани. Толку е висок процентот на контагиозност што се смета дека ретко кој нема да заболи од овој сој. Секако место за паника нема , бидејќи се согледуваат сите релевантни показатели кои ни укажуваат дека бројот на хоспитализации и на смртни случаеви е многу низок.Така е во моментов и се надеваме дека така ќе продолжи, не се полнат болниците како што беше тоа случај со делта сојот. Сметам дека пикот уште не е постигнат и дека треба да го очекуваме но и скекако будно да ги следиме сите текови и состојби кои ги има насекаде по светот па и кај нас за да сме подготвени и да можеме благовремено да делуваме, а не да ни се случуваат катаклизмични состојби кои ги имавме до сега. Секако дека мојата специјалност е педијатријата и тука апелирам дека будно треба да се следат сите моменти како би биле заштитени нашите деца . Можам да кажам дека тие на некој начин беа поштедени од претходните соеви, но со омиронот имаме пораст на деца кои се инфицирани со овој сој. Клиничката манифестација и слика се исто така минорни. Затоа треба да се трудиме и да успееме да заеднички со совети и апели го надминеме периодот кој доаѓа и да се донесат најправилните одлуки кога станува збор за децата кои се нашата иднина.

Од самиот старт се боревте со оваа пандемија, дали сите работи успеавте да ги предвидите или сеуште има простор да се предложи и нешто ново како начин за подобро справување со пандемијата.

Кога за прв пат Детската болница Козле се трансформира во инфективна ковид болница првин за деца, а подоцна и за возрасни еднинствено што преостануваше е навистина се зафатиме со вистинската битка со сите располжливи средства. Имавме непознат противник кој и сеуште се истражува и немаме ништо цврсто и да е како  од книга туку тоа бара добар пристап кон протоколите и следење на текот на болеста и брзо реагирање за да се сопре понатамошен напредок на болеста. Тогаш лично јас навистина ќе кажам дека работите ги осознавав и ги учев со сите колеги од ден во ден, а тоа значеше дека сите знаења стекнати од местото на случувањата ги презентирав директно пред Комисијата за заразни заболувања за која ќе кажам функционираше беспрекорно во самиот старт. Се донесуваа правилни одлуки секојдневно се дур не се замешаа одредени популистички и политички моменити, а секако и одредени персонални клиентелизми. Тоа е сега веќе минато , моја лична желба е да иднината донесе секојневна брза и прецизна работа на тоа работно тело и секако да опфати поголем број на стручни лица кои ќе допринесат да се стави работата под контрола зошто сега во овој момент работите се вон контрола . Да се скратат деновите на изолација , да се ограничат масовните собирања и да се предвиди прецизно отпочнувањето на школската годнина и дали тоа е неопходно токму во овој период дур трае пикот кој сметам дека не е во самиот зенит. Свативме дека здравјето е најважното нешто а поготово здравјето на децата.

Различни информации стигаат од целиот свет , што конкретно се случува во нашата држава?

Информациите се следат будно  од страна на сите релевантни стручни лица во државата , неопходно е да сме во постојан тек знаејќи дека навистина не постојат вистински правила , докази и протоколи не само кај нас туку воопшто секаде низ светот. Единствено нешто кое освен зададените протоколи од СЗО треба да се фокусираме кон развивање на свеста , медицинската дисциплина и свест , постојано се информира јавноста како да постапуваме и како да се однесуваме, тоа треба веќе да е новата реалност дур не премине во една нормалност која ќе означува и прилагодување но и потребна нова реалност. Држењето дистанца , носењето маски во затворени простории, одржување на хигиена и секако соодветен начин на живеење ќе бидат нај актуелните процеси кои треба да ги секогаш имплементираме. Вакцинацијата е неизоставен сегмент поготово кај нај ранливите категории иако навистина веќе научниот свет постојано дискутира и изнесува нови податоци сеуште реална заштита не постои но секако дека со имунизацијата , хоспитализациите и смртноста се сведени на низок процент.

Дали сметате дека вакцинацијата даде придонес и дали се надеваме дека наскоро ќе имаме  колективен имунитет?

Како што и наведов дека новите информации ни покажуваат доста варијабилни докази околу вакцините , независно дали се генетски или векторски , секако дека едно носи голема забуна дека и вакцинираните се инфицираат заразуваат со вирус и невакцинираните исто так овој сој покажува и реинфекции и кај веќе прележаните што ни го посочува и не подучува деа го следиме фактот на почитување на протоколите за медицинско однесување и да внимаваме многу. Сепак сметам дека навистина овој сој ќе доведе до постигнување на колективен имунитет земајќи ги во предвид сите бројки кои се високи и покажуваат една масовна контаминација со овој агресивен сој. Сој кој е со измешана симптоматологија но со блага клиничка слика и манифеставија што на некој начин и не дозволува да се јавува паника меѓу населението.

Сметате ли дека здравствениот систем се справи успешно или имаше пропусти , кои се вашите предлози за понатамошниот период што следува?

Сметам дека насекаде во светот имаше одредена проблематика и потешкотии во справувањето бидејќи стануваше збор за нешто ново и дури и го нареков трета светска војна но во здраствена сфера, непознат противник за кој немаше светот соодветен одговор а ни алатки со кој да се спротистави. Другите држави секако помоќни и поголеми со тек на време се организираа и направија некоја можеби на моменти ригорозна политика на контрола но и продолжија да се привикнуваат кон новата реалност и да не застануваат во реформите и напредувањето , за жал ние на стартот имавме доста прилагодливи моменти но подоцна дојде до колапс на целокупното менаџирање на кризната состојба. Под итно треба да се средуваат работите во тој сегмент , здравствениот систем ни наликува на камено доба , без мотивираност и без енергичност , хипокризија на персоналот и тотална немотивираност , како поради прегорувањето така и не покажување нов правец од страна на раководните структури во тој сегмент. Модернизација без цел и без кадар не води кон успех, едноставно се беше во еден виртуелен свет кој беше само на некој начин манифестирање на лица во празно без никакв а завршница т.е се направи голема празнина и сето тоа се почуствува. Сеуште сме во врвот по смртност заради некординираност меѓуинституционална и играње на пинг -понг со пациентите. Не се даде декрет да и приватните болници бидат вклучени во таа борба туку луѓето беа оставени да сами си поднесуваат огромните трошоци ,сето тоа се огромни пропусти , каснењето на вакцините , поминати рокови  и ред други слабости кои чинеа човечки животи и ќе кажам нека сето тоа биде минато и да не се повтори. Очекувам да луѓе подготвени со елан и желба продолжат понатаму и да покажат дека се може да се менаџира правилно овој наш мал здравствен систем во кој ќе има доста решенија кои до сега не излегоа на површина. Законот за здравствена заштита мора да биде донесен , да се дозволи на професионалците да бидат ангажирани слободно заради квалитетот и да го пренесуваат своето знаење и умеење, фондот за здравствено осигурување да подготви измени на буџетите за болниците да соодветствува со потребите на граѓаните на осигурениците да се имплементираат проверени системи на соработка кои се користат во европските и светските држави да не се тапка во место со модернизацијата и имплементирањето на информатичките системи во севкупното работење во целиот здравствен систем и ред други работи кои секако ќе се предмет на дискусија не од затворен туку од отворен транспарентен тип. Посакувам да се делува брзо и успешно во добар правец и да се искористат тие човечки ресурси кои ја познаваат оваа проблематика а не клиентелизам и полтронство тоа не води во нови успеси тоа води кон тонење. Оваа се само една низа на мои предлози кои секако треба со содветен тим да бидат пропагирани , дискутирани а секако и имплементирани за да имаме нагорна линија на успех , само здрав и одржлив здравствен систем значи и здрава популација.

Кога станува збор за децата имаме ли воопшто протоколи за нивна заштита и вашите проценки за потенцијална опасност , страв или соодветен одговор за тоа што во иднина може да е стварност?

Децата се најважното нешто во целиот свет, конкретно кај нас уште од првиот момент се донесоа протоколи и тоа вроди со плод , децата беа одстранети од директен контакт и немаше голема бројка на заразени, таа мерка треба и да се спроведе и сега кога имаме сеуште не достигнат пик на контаминација со новиот сој. Омикронот е агресивен и не треба да се дозволи да веднаш децата бидат засегнати со оваа инфекција. Иако во училиштата се имплементирани протоколи сепак сметам дека можно е  за да се избегне состојбава да се направат напори да наставата или биде одложена за некоја седмица или да се одвива онлине. Секако дека тоа ќе има одредени проблематики кои ги имавме и у самиот старт со физичкото присаство но сепак државата секако ќе интервенира бидејќи станува збор за нашата иднина за дечињата. Секако дека ние треба да направиме и посебен пристап и соодветна анализа за севкупните придобивки а и последици од применувањето на новите мерки , инаку кај децата со коморбидитетност односно постоење на здравствени проблематики од типот на кардиоваскуларни заболувања, хематолошки , онколошки , имунодифициентни , системски и тн треба да се пристапи кон одредена имунизација за да се заштитат соодветно иако секој организам поготово детски треба да има внимателен пристап и да се земат сите здравствени сегменти од неговиот здравствен профил па тек тогаш да се постапи соодветно . Процентуално мора да се знае дека компликациите од Ковид 19 кај децата се минорни  и дека е непотребно создавање на паника , сепак децата овој вирус го минуваат и асимптоматски но задожително е да се внимава и да се посвети големо внимание дури и од самите родители за да си ги заштитиме нашите најмили и се докажа дека вектор на заразата не се децата туку возрасните и нивното не одговорно однесување.

(В.А.)

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

My Hero Academia (Dub) Episode 11

4Anime The Daily Life of the Immortal King 2nd Season Episode 4

anime online Hunter x Hunter (2011)

Komi Can’t Communicate

4anime.biz 4Anime Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

tải go88