February 27, 2020 14:23
Балкан

Дурмиси: „Пукнав“ оти не издржав полицајката да ме малтретира пред моето дете

Не сакав проблеми, сакав да се тргнам, но ете, се случи – изјавила Садија Дурмиси која по два дена поминати во притвор е пуштена од полициската станица поради удирањето на службено лице на пазар во Белград.

-Полицајката ме бркаше, а сето тоа го гледаше моето болно дете. „Пукнав“ оти неможев да издржам повеќе и ја удрив, пренесуваат српските медиуми по излегувањето од дводневниот притвор на Дурмиси.

-Од продажбата на пазар хранам девет усти, го издржувам целото семејство. Полицајката се постави кон мене како да сум најголем криминалец, па не убив некој за да се однесува така. Ме удри, ме тегнеше и ме влечеше пред синот. Ми падна мрак пред очите и ја удрив- изјавила  Дурмиси.

Со овие зборови ја започнала својата приказна 37-годишната Дурмиси која се најде во центарот на вниманието откако после кратка расправија и одземање на куфер со алишта кои таа ги продавала, во неделата ја нокаутираше комуналната полицајката А.М. на влезот од пазарот Видиковац. Полицајката заврши во болница со телесни повреди, а продоавачката беше уапсена.