December 1, 2020 08:51
Македонија

Дурловски се откажува од пратеничката функција

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, кој беше избран како носител на пратеничката листа во петтата изборна единица, го напушта Собранието. Оваа одлука Дурловски ја објави на својот фејсбук.

-Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат“, напиша Дурловски на фејсбук.