July 10, 2020 05:31
Македонија

Дурловски: Ми се закануваше владин советник

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5, Игор Дурловски денеска бил цел на закани од страна на владин советник.

Лицето Ф.А. вработен како советник во Владата во неколку наврати вербално го нападнал во сообраќај.

-Ќе лежиш сто години затвор, биле првите зборови со кои Ф.А. му се обратил на Дурловски додека на семафори еден до друг чекале на црвено светло.

Според пријавата до МВР од Дурловски, со Ф.А. се сретнале на неколку семафори, а советникот почнал да го навредува со погрди зборови и пцости.

Веќе на следните семафори, при тргнување со возилото Ф.А. се обидел и да го удри автомобилот на Дурловски, по што се се одалечил од местото. Дурловски вели дека е бил цел на загрозување на неговата лична сигурност и спречување на слободното движење.

После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше…

Posted by Igor Durlovski on Вторник, 02 јуни 2020