Спорт

Дури 112 тима ќе играат во шпанскиот куп

Новата сезона во шпанскиот кралски куп во фудбал, ќе има дури 112 екипи учеснички, а се чека само уште 11 да го потврдат учеството, додека 101 се сигурни.

Во првото квалификациско коло ќе играат клубови од пониските лиги, а ќе има 56 победници кои ќе одат во следната рунда, а потоа на 28 меча ќе се разигрува за влез во главната ждрепка кога ќе се приклучат и прволигашите, освен Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Валенсија кои се приклучуваат едно коло подоцна.

Во Шпанија има 20 прволигаши, 22 второлигаши, 28 третолигаши, а 32 тима од четвртиот ранг. Во купот ќе играат и четири тима од полуфиналето на купот на шпанската федерација, и десет тима од регионалните лиги.