December 7, 2022 21:07
Македонија

ДУИ ќе се распарчи ако го нема Ахмети

Поранешниот пратеник, Абдулади Вејсели во емисијата „24 Отворено“ вели дека ДУИ ќе се распарчи ако го нема Али Ахмети.

-Едно е јасно. Нема ништо да остане од ДУИ ако го нема Ахмети. Тоа треба да биде јасно на секој член на ДУИ. Ахмети е единствениот човек кој се обидел и ги решавал сите проблеми. Во ДУИ има незадоволни уште од времето на локалните избори, но се знаеше дека огнената група бргу ќе згасне, оти за да му се спротивстави некој на Али Ахмети треба да е посилен од него, коментира  Вејсели.

Тој вели дека ДУИ е многу повеќе од неколку градоначалници,дека силата на партијата е на парламентарните избори.

Вејсели овие случувања во ДУИ ги толкува како позиционирање на дредени групи во случај Али Ахмети да се повлече.

-Членовите на ДУИ треба да знаат дека ако го нема Али Ахмети ќе ја нема партијата. Партијата е големо семејство во кое има место за сите, а како и во секое семејство има и незадоволници, вели Вејсели.

Тој додава дека целта на огнената група на ДУИ не беше смена на Артан Груби, туку целта беше смена или повлекување на Али Ахмети. Но, бидејќи групата нема доволна моќ се сврте кон кадрите избрани од Ахмети.